Најлесно е да им се налутите на тинејџерите, да зборувате дека се невозможни, да се фаќањете за глава поради нивната бунтовност, но многу потешко е да се обидете да ги разберете.
Факт е дека во тие години тие се тврдоглави и го менуваат расположението, се затвораат во себе, експериментираат со физичкиот изглед. Проблемот е што голем број родители не размислуваат зошто нивните адолесценти се нервозни и дрски, туку ги обвинуваат, а психолозите велат дека тоа е клучот на воспоставувањето нормална комуникација.
Затоа, мајки и татковци, вратете го филмот назад и сетете се низ какви проблеми вие сте поминувале во тие години. Тогаш ќе имате повеќе разбирање за нив, а тие ќе почнат да се отвараат кон вас. Затоа што во тоа време децата немаат развиени способности за соочување со проблемите, па едноставно знаат само да драмат и да се лутат, а несигурни се и чувствителни поради многу работи:
– Промени на телото:
– Императив за изградба на личен идентитет
– Односи со врсниците
– Се повеќе училишни обврски
– Притисоци од околината и обивнувања за нешто за што сметаат дека не се виновни
– Неправда во оценување
– Недостиг на можност да го изразат своето мислење
– Високи очекувања на родителите
– Првата љубов
Една студија спроведена во рамките на 967 американски семејства покажа дека строгата вербална дисциплина кај тинејџерите предизвикува многу лошо однесување во следната година.
Затоа, наместо да ги напаѓате, прашајте ги со какви дилеми и проблеми се соочуваат, слушајте ги внимателно додека ви раскажуваат, насочете ги кон решението, без да им го наметнувате и задолжително покажете дека ви е многу важно дека се грижите за нив.