Користењето марихуана го зголемува ризикот за слабеење на коските

Од:

Честото конзумирање на марихуана го зголемува ризикот за слабеење на коските и фрактури, предупредуваат научници од шкотскиот Универзитет во Единбург.

Нивните истражувања покажале дека во просек редовните конзументи на марихуана имале пет отсто помала густина на коските.

Покрај тоа, кај лице кое редовно конзумира марихуана е согледан и зголемен ризик за намален индекс на телесната маса.

Причина за тоа може да биде негативниот ефект на честата конзумација на марихуаната на апетитот, пишува „Американ Џурнал од Медисин“.

Во истражувањето се користени податоци на 170 редовни конзументи на марихуана и 114 испитаници кои воопшто не замаат канабис.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ