Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на патот Седларево – Мерово

Од:

Едно лице е загинато, друго е повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска околу еден часот и триесет минути се случила на локалниот пат Седларево – Мерово во близина на крстосницата за Луковица, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци Б.К.(32) од Скопје од засега неутврдени причини изгубил контрола врз патничкото моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички што го управувал, по што излетал од коловозот, се превртел на покрив и паднал во бездна од дваесеттина метри на тешко пристапен терен.

Возачот на возилото починал на самото место додека неговиот сопатник С.Г.(40) од Скопје, кој се здобил со телесни повреди, бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по неколкучасовно задржување бил пуштен на домашно лекување.

– Во координација со јавен обвинител увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово додека по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на утврдување на причините за излетувањето на автомобилот, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајка, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип