Италијанецот Марчело Липи е нов селектор на фудбалската репрезентација на Кина, објавија локалните медиуми.
Липи како тренр во Кина работеше во периодот 2012-2014 година кога го предводеше Гуангжу Евергранде.
Со овој тим стана шампион на Кина три пати, го има освоено националниот куп, како и трофејот од Лигата на шампионите во Азија.
Се шпекулираше дека Липи ќе се врати во клубот како најплатен тренер во светот, но тој се одлучи за репрезентацијата.
Како предводник на италијанската репрезентација стана светски шампион во 2006 година.