Уапсен поранешниот претседател на Долниот дом на Конгресот на Бразил

Од:

Бразилската полиција синоќа го уапси поранешниот претседател на Долниот дом на Конгресот на Бразил, Едуардо Куња, под обвинение за корупција.

Во јули годинава Куња поднесе оставка на функцијата, откако беше осомничен за вмешаност во корупциски скандал.

Обвинителството го товари Куња дека од една фирма зел пет милиони долари поткуп, за да и обебзеди вносна зделка со државната нафтена компанија „Петробрас“.

Куња ги отфрла сите обвинувања и тврди дека не сторил ништо противзаконско.

Долги години тој важеше за еден од највлијателните бразилски политичари и беше предводник на процесот за импичмент на поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф, која беше отповикана од функцијата во август годинава, .

На Куња, кој е член на десноцентристичката Партија на демократското движење на Бразил (ПМДБ), минатиот месец му беше одземени пратеничкиот мандат.

Според бразилските медиуми, Куња бил уапсен во главниот град Бразилија, а потоа веднаш префрлен во градот Куритиба на југот од земјата, каде федералниот судија Серхио Моро ја предводи истрагата за корупција во власта.

Домашните весници тврдат дека  налог за апсење на Куња бил издаден затоа што постоела реална опасност тој да побегне од Бразил, особено што поседува двојно, бразилско и италијанско државјанство.

Не е соопштено колкав притвор му е определен за поранешниот спикер.

Државната компанија „Петробрас“ е во центарот на големиот корупциски скандал, што веќе ја чини преку две милијарди долари.

Десетици угледни политичари, пратеници и бизнисмени се уапсени или осомничени за земање поткуп и за вмешаност во корупцискиот скандал, меѓу кои и е и поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск