Македонско село од денеска до 23-ти овој месец е домаќин на првиот Фестивал на виното.
Целта на оваа манифестација е афирмација на винската култура во Македонија, развој на негување на култот кон виното претставување и промоција на најдобрите македонските винарии, надополнето со голем
број вкусни специјалитети и деликатеси и богата музичка програма.
Фестивалот ќе го отвори македонската етно група Синтензис.