Осудени најмладата вљубена двојка- убијци во британската историја

Од:

 Судот во англискиот град Нотингам, ги прогласи за виновни двајца 15-годишни тинејџери, кои ладнокрвно и брутално, во април годинава, ги убиле Елизабет Едвардс (49) и нејзината 13-годишна ќерка.

Имињата на убијците, кои имале само 14 години во моментот на извршувањето на злосторството, засега не се споменуваат.

Судот во Нотингам соопшти дека пресудата ќе биде изречена во средината на ноември, кога судијата во судскиот процес ќе определи дали да се открие нивниот идентитет.

Момчето со по осум убоди со нож ги има убиено, прво мајката, а потоа и ќерката, додека двете спиеле, а неговата девојка, која физички не учествувала во бруталнто убивање, стоела до него и гледала.

Обајцата сега се соочуваат со доживотен затвор.

Британската јавност денеска е згрозена и шокирана од тоа – како можело, двајца тинејџери-малолетници да бидат толку многу сурови, крволочни и брутални за ладнокрво да извршат грзоморно двојно убиство.

Лондонските весници случајот го означуваат како британски малолетнички „Бони и Клајд“, додека нив двајцата ги прикажуваат како најмладата вљубена двојка – убијци во британската историја.

Убиството се случило во местото Спалдинг, во англиската област Линколншир, во куќата на убиената Едвардс, вработена во кујната на локалното училиште, која ги примила на спиење двајцата убијци.

Весниците го означуваат убиството како „колеж“ и откриваат дека потоа, двајцата се капеле во бањата на убиената и се симнале во дневната соба, каде гледале четири епизоди од серијата „Зона на самракот“ пред да бидат уапсени.

Обвинителот во судењето објаснил дека кога полицијата ги прашала двајцата – што се случува – тие ладнокрво им рекле – да се качат горе на катот и самите да видат.

Судот нема најдено вистински мотив за злосторството, што според признанието на убијците, претходно го договориле, додека јаделе бургери во локалниот ресторан.

Момчето уште на стартот од судењето го призна злосторството, додека неговата девојка се бранела дека станува збор за „ненамерно убиство“ и дека во тие моменти „не била свесна“ за она што се случува.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство