УЕФА покренува дисциплинска против Копенхаген поради огномет во Лестер

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска започна дисциплинска постапка против данскиот шампион Копенхаген поради палење на факели на неговите навивачи на натпреварот против Лестер во Лигата на шампиони.

Данските навивачи непосредно пред почетокот на мечот додека се интонираше химната на натпреварувањето, користеа пиротехнички средства во големи количини.

Натпреварот заврши со победа на Лестер со 1:0.

УЕФА одлуката за санкции ќе ја донесе 17 ноември.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри