Српски Курир: Македонците едвај преживуваат со 22 денари дневно

Од:

Македонија се наоѓа на самиот врв на европската листа на сиромашни земји. Затоа и не не чуди што се 16 години назад. Според податоците од Организацијата за економска соработка и развој, од Македонија се отселиле 171.730 луѓе, пишува српскиот портал Курир.

Според нив половина милион граѓани на Република Македонија се сиромашни, а околу 1.2 милиони имаат проблем да врзат крај со крај во месецот односно 43.2 отсто од жителите на Македонија немаат доволно приходи за нормален живот.

-Во пораст е и бројот на македонски граѓани кои вадат бугарски пасоши. Во последните 10 години 57.627 жители извадиле бугарски пасоши, а пак 48.589 граѓани добиле државјанство на некоја друга земја членка на ЕУ.

На конференцијата „И јас сакам да имам живот како другите“ организирана од „Македонската платформа против сиромаштијата“ се слушнаа фрапантни податоци дека половина милион граѓани живеат под прагот на сиромаштијата односно 180.000 граѓани живеат со 14 денари, а 90.000 со 22 денари на ден.

На конференцијата е кажано дека се сиромашни и оние кои се вработени и дека пензионерите со своите скромни пензии се принудени да ги издржуваат младите кои се способни за работа, но невработени.

Според проценките на српскиот Курир, за минимална егзистенција во Македонија е потребно 12.000 денари, а социјалната помош изнесува 2.500 денари.

Би можело да ве интересира

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Децата во сиромашни семејства имаат поголем ризик да останат сиромашни, образованието клучно за надминување на оваа ситуација

А1он

Се собираат пари и градежни материјали за нов дом за болната девојка во Мирковци

Габриела Димковиќ-Мишевска