Жерновски: Ќе работиме со и за граѓаните за да го задржиме престижното место активна транспарентност

Од:

Општина Центар ќе продолжи со отворена и отчетна работа за да го задржи првото место во скопскиот регион за индекс на активна транспарентност според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, ова го рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на граѓанскиот форум за зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

Сто педесет граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, општинската администрација и советниците заеднички ги креираа приоритетите на општината.

Со овој начин на работа, рече градоначалникот Жерновски, ние сме пионери и работиме како другите земји со развиена демократија.

„Од граѓаните треба да произлезат предлози како ќе работи општината. Се движиме во добар правец. Ова ја покажува нашата заложба за зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, бидејќи се’ што прави општината, прави за Вас, граѓаните. Наш заеднички интерес е да имаме најдобра и најразвиена општина“, рече Жерновски, посочувајќи ја добрата соработка со Центарот на заедницата на општина Центар.

Минатата година граѓаните изгласаа, а општината, со поддршка на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, ја реконструираше фасадната столарија во ООУ „Димитар Миладинов“, со што општината ја покажа грижата за младите, а со возрасните се реализира проектот за обука на лица за професионална нега на стари лица во домашни услови.

И оваа година, Жерновски изрази надеж дека ќе се изберат најдобрите и најполезните објекти за жителите на Центар.

Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, посочи дека Советот, кој е еден од најотворените, се труди принципиелно да постапува и дека сите идеи се добредојдени.

„Какво образование – таков образ. Со минатогодишниот успешен проект, ние го подобривме образот во ООУ ‘Димитар Миладинов’“, рече Јагода Јанкоска, раководител на Одделението за образование во општина Центар.

Секретарот на општината, Дончо Герасимовски, ги образложи деветте номинирани проекти кои општината смета дека треба да бидат приоритет за реализација во 2017-та година.

Тоа се замена на фасадна столарија во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“, вградување на лифт за храна во градинката „Кочо Рацин“-клон „Наум Наумовски – Борче“, воспоставување на систем за едукација на администрацијата и граѓанскиот сектор, поддршка на граѓанскиот сектор за аплицирање на проекти од ЕУ, организација на настани со претставници на странски донатори и ГО, развој на модели за ангажирање на младите и обука за млади претприемачи.

Граѓаните во општина Центар и граѓанските организации убедлива предност за реализација дадоа на потребата од замена на фасадна столарија на градинката ‘Корчагин’ и вградување на лифт за храна во градинката „Кочо Рацин“ – клон „Наум Наумовски – Борче“.

Жителите на Центар даваа различни идеи и предлози од областа на културата, образованието, социјалата. Нивните барања општината ќе ги разгледа како идеи во плановите и буџетот за 2017-та година.

„Општина Центар е општина која што се развива и оди напред. Голема е разликата во реализација на проектите и во секојдневниот живот со доаѓањето на новото раководство. Јас сум жител на општина Центар и ова не е политика“, рече еден од учесниците на граѓанскиот форум на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории