Привремен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

Од:

Град Скопје информира дека поради изведување градежни активности од денеска целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружната крстосница кај СП Планет, до крстосницата со булеварот „Македонска војска“.

Моторниот сообраќај и автобусите на ЈСП „Скопје“ со број 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60, кои се движат од Дексион кон Центар ќе бидат пренасочени од улицата „Ѓорче Петров,“ по булеварот „Македонска војска“, кај кружната крстосница, црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по својата траса.

Во обратна насока, од Центар кон Дексион, моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени по кружната крстосница на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. Ќе продолжуваат по булеварот „Партизански одреди“ до кружната крстосница кај црквата „Св Петар и Павле“, по булеварот „Македонска војска“ по улицата „Ѓорче Петров“ и ќе продолжуваат по својата траса.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје