Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, утре организира „Отворен ден со Агенцијата за катастар на недвижности“.
Отворениот ден се организира во рамки на Саемот Технома 2016, каде ќе присуствуваат неколку професионални тимови од Агенцијата за катастар на недвижности.
На настанот компаниите ќе имаат можност за консултации и директно решавање на одредени предмети од тековното работење.