Состанок на НАТО Постојаната група на партнерски логистички експерти

Од:

Армијата на Република Македонија е домаќини на состанокот на НАТО Постојаната група на партнерски логистички експерти (Standing Group of Partner Logistics Experts – SGPLE), што од денеска до 21.10.2016 година ќе се одржува во Скопје.

На состанокот учествуваат претставници од: НАТО штабот во Брисел, НАТО здружената команда од Брунсум, Европската команда на САД (EUCOM), воениот штаб на ЕУ (EUMS), мултинационалниот логистички координативен центар (MLCC), Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Црна Гора, Австрија и Украина. На активноста покрај АРМ ќе учествуваат и претставници од Министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи, за транспорт и врски и Царинската управа на Република Македонија.

Како што соопштио денеска ГШ на АРМ, на состанокот ќе се разменат искуства на подрачјето „Поддршка на земјата домаќин“, односно разработување на начинот во планирање и реализација на логистичка поддршка при упатување на единици во мисии предводени од НАТО.

НАТО Постојаната група на партнерски логистички експерти (SGPLE) е формирана во 2000 година и ги идентификува, развива  и промовира сите способности за кои што партнерските земји членки на „Партнерство за Мир“ се подготвени да ги пружат за да придонесат за успешноста на операциите предводени од НАТО.

Состаноците на групата се одржуваат два пати годишно. Република Македонија зема учество во групата од 2004 година. Во 2006 година беше земја домаќин во Скопје, а во периодот 2009-2010 година, Република Македонија како претседавач со групата оствари свое влијание врз темите и агендите на групата.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе се подмлади со 375 војници

Наум Локоски

На Криволак уништени неексплодирани гранати

Емир Латифовиќ

Промотивен концерт на Воениот оркестар во Радовиш

Емир Латифовиќ

ФОТО: Борците и АРМ им оддадоа почит на Глигоров и Трајковски

Емир Латифовиќ

АРМ утре на плоштад Македонија го слави роденденот

Емир Латифовиќ

На стрелиштето Стенковец заврши вежбата „Обука за обезбедување високи воени раководители“

Емир Латифовиќ