Момче се наболо на нож поставен на кревет во студентски дом во Битола

Од:

Седумнаесетгодишник од Битола се самоповредил со нож синоќа во Студенскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, соопшти МВР.

Момчето скокнало со грбот на креветот, на кој според негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење.

Веднаш потоа со такси возило бил однесен во Клиничката болница во Битола каде што му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина