Неидентификуван маж се разнесе во државниот телевизиски центар во Абхазија.
„Мажот се разнел на просторот на тв центарот. Очигледно имал бомба“, објави руската новинска агенција РИА, наведувајќи ја изјавата на абхазискиот министер за внатрешни работи Аслан Кобахиј.
Новинската мрежа Интерфакс објави дека експлозијата се случила на влезот во централната телевизиска станица во абхазискиот главен град Сухуми.
Абхазија прогласи независност од Грузија по оружениот судир во раните 90-ти, по распадот на Советскиот сојуз.