Најмалку 25 затвореници се убиени при судир меѓу две спротивставени групи во казнено поправен дом во бразилската држава Рораима.
Седуммина од убиените биле обезглавени, а шестмина – изгорени живи.
По интервенција на полицијата немирите биле прекинати.
Претставникот на локалните власти Узиел Каштру изјави дека вчера попладне биле задржани како заложници стотина роднини на затвореници, кои дошле на посета.
Осуденици од еден блок на затворот, вооружени со ножеви и дрвени палки, преземале друга зграда во комплексот. Бунтовниците барале таму да пристигне судија од локален Кривичен суд. Специјални полициски сили влегле во затворот и ги ослободиле заложниците.