АНАЛИЗА: Спонзорирани вработувања од државата – зошто и до кога?

Од:

Само неколку денови откако Светска Банка алармираше дека дури 89% од новоотворените работни места се со државна помош, дел од владините функционери на Вмро Дпмне во извршната власт објавија нови мерки – токму за нови субвенционирања од Буџетот, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Според дел од економистите, ваквите политики кои се промовираат во насока на намалување на невработеноста практично од друга страна покажуваат дека приватниот сектор не е во добра финансиска состојба.
Само 11% од новоотворените рабтни места – финансисрани од фирмите!

Податокот на Светска Банка според кој 89% од новоотворените работни места се субвениционирани со буџетски пари, според дел од економистите отвори сериозни прашања, дали тоа значи дека приватниот сектор нема “свежи“ пари за нови работни места, до кога Буџетот ќе може да го понесе овој терет за финансирање на придонеси и други форми на поддршка за нововработените и колку воопшто се одржливи ваквите работни места.

“Реалната економија е во слаба кондиција. Меѓу останатото доказ за ваквото тврдење е информацијата на СБ дека само 11% од сите нови вработувања целосно паѓаат на товар на компаниите, а сите останати нови вработувања во делот на јавните давачки се предмет на фискална стимулација“, вели за Portalb.mk економистот Павле Гацов.

Она што ја загрижува Светска банка е токму податокот дека најголемиот дел од новоотворените работни места се субвенционирани од државата.

„Може да се види дека практично 89 проценти од новокреираните работни места се со фискален стимул. Со оглед на тоа што имате работни места што се креираат, каде што работодавецот е ослободен плаќање на социјални придонеси и слични давачки. Така што ова од друга страна создава притисоци на среден рок, туку пред се мисли на притисоци врз Фондот за ПИОМ“, изјави за Portalb.mk Бојан Шимов аналитичар од Светска банка.
Ваквата состојба со која зголемувањето на вработеноста е главно како резултат на субвенционираните работни места од страна на државата, според проценките и анализите на Светска Банка, создава сериозни проблеми и во опстојувањето на Фонодот за пензиско осигурување, кој станува се повеќе зависен од парите што му ги префрла државата за да може да исплати пензии.

“Податокот дека речиси 9 десетини од нововработените лица се спонзорирани од државата ја девалвира бројката за падот на невработеноста на најниските 24%. Со мерката работодавачите немаат трошок за сите социјални придонеси (27% од бруто платата), но исто така под определени услови се ослободени и од персонален данок на доход, које се пресметува од бруто платата намалена за придонесите и за личното ослободување со примена на стапка од 10%. Ослободувањето од персонален данок трае три години, додека ослободувањето од придонеси трае и до 5 години. По престанувањето на фискалното стимулирање, работодавачот има обврска да ги задржи овие вработени одреден период (12 месеци) и за нив да ги плаќа јавните давачки во полн износ“ – вели економскиот аналитичар Гацов.

На официјалната интернет страна на Агенцијата за вработување се промовирани околу единаесет различни програми за вработувања, самовработувања, кредитирање на нови бизнис и едукации со кои се таргетираат невработените лица.

Така на пример за отворање на нови работни места во малите и средни фирми, спорде Опертивниот плат за годинава се планирани 300 илајди евра.

Годинава, само за Програмата за самовработување, преку која се подржуваат невработени лица да отворат сопстевн бизнис, според Оперативниот план се издовени скоро 3,4 милиони евра со кои треба да се 970 луѓе. Преку оваа програма невработените добиваат по 3 278 евра неповратна помош и дополнителни средства доколку вработат уште лица во новоотворениот бизнис.

Една од програмите за која годинава била планирана поголема сума државни пари е онаа за вработување на млади до 29 години.

“Да се поддржат невработените млади лица во основнање на сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка ( неформална) дејност и создавање на доплнителни вработувања“ – се наведува во годинашниот оперативне план. Ова апрограма таргетира.

5000 млади невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа на АВРМ. Потребните средства за реализација на мерката изнесуваат околу 4,76 милиони евра од Буџетот.

Преку законски измени, а со таргетирани категории на граѓани Владата во изминатите години промовираше различни мерки преку кои со државна помош се стимулираа нови работни места. Основата на овие политики е вградена во Оперативниот план за вработување кој годинава вкупно тежи 11,5 милиони евра и треба да опфати 13 500 луѓе.

Само неколку денови откако Светска Банка посочи на субвениционираните вработувања, дел од фунакционерите на Вмро-Дпмне во извршната власт обајвија дека започнувата нови мерки за доделување на државна помош.

“Започнува јавниот повик за 2 нови мерки,за отворање на нови работни места во постоечки компании за млади до 29 години.Станува збор за кредитирање за самовработување за млади до 29 години, како и кредитирање за отворање на нови работни места во постоечки компании за млади до 29 години. За компаниите кои сакаат да вработат млади до 29 години, истите можат да искористат по 4.000 евра за ново работно место“ – соопшти дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.

Одржливоста на ваквите политики според економистите ќе се покаже по истекот на периодот на државната стимулација и задолжителниот законски период за неотпуштање на овие работници, односно клучно прашање ќе биде колку од вработените преку овие мерки ќе останат на работа, но целосно финансирани од самите компании.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада