Инфраструктурата за гасоводот „Турски поток“ треба да биде изградена до крајот на 2019 година, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, цитиран од ТАСС.
-Во согласност со потпишаниот меѓувладин договор за изградба на гасоводната инфраструктура по дното на Црно Море, од Русија до Турција, рокот за изведување на проектот е декември 2019 година, рече Новак.
Тој се наоѓа во составот на делегацијата, предводена од претседателот Владимир Путин, која учестува на самитот на БРИКС во индиското одморалиште Бенолим, во државата Гоа.