Претседателот Ѓорге Иванов нема да оди на инагурацијата на Томислав Николиќ за нов претседател на Србија, која ќе се одржи во понеделник во Белград.
Образложението е дека Иванов следната недела ќе учествува на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград, при што ќе се сретне со новиот српски претседател.
На инагурацијата нема да присуствува ниту словенечкиот претседател Данило Тирк кој кажа дека изјавите на Николиќ за Вуковар и за Сребреница ги смета за непримерни.
Присуството го откажаа и претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.
Присуството го потврди само претседателот на Република Српска Милорад Додик. Николиќ предизвика лавина критики и од Европската Унија поради неговата изјава дека во Сребреница немало геноцид, туку бил извршен „тешко злосторство“.