Перо Антиќ му донесе победа на Фенербаче

Од:

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграат четири натпревари со кои беше комплетирано воведното 1.коло од новата сезона.

Вицепрвакот Фенербахче старуваше со победа против Бамберг, за кога голема заслуга има македонскиот интернационалец Перо Аантиќ, кој со двете погодени слободни фрлања на нешто повеќе од една минута до крајот на дуелот, го постави конечниот резултат 67-66. Антиќ средбата ја заврши со 10 постигнати поени, додека Богдан Богдановиќ со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим.

На останатите натпревари одиграни синоќа беа постигнати овие резултати: Уникс Казан – Барселона 63-69, Панатинаикос – Жалгирис 84-76 и Басконија – Анадолу Ефес 85-84.

На натпреварите одиграни претходно: Реал Мадрид – Олимпијакос 83-65, Галатасарај – ЦСКА Москва 84-109, Милано – Макаби Т.А. 97-99 и Црвена звезда – Дарушафака70-73.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ