Кастратовиќ: Не може ова да ни се повторува секоја сезона

Од:

Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ беше незадоволна од играта на своите избранички по синоќешното реми со ФТЦ Будимпешта.

– Ние во ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар. Тие имаат добра екипа и тренер што ги води и можам само да им честитам за прикажаната игра. Што се однесува до нашиот тим ние не покажавме ниту 10 отсто од тоа што го подготвувавме и очекувавме дека ќе дадат. Не може ова да се повторува секоја година, нормално не сум задоволна девојките треба да покажат многу повеќе од ова што го видовме вечерва. Не одработивме како што се договаравме последниот месец дена. Треба да работиме и на самодоверба кај девојките кога ќе влезат во игра. Примивме 27 гола, што е многу. Во прво полувреме дадовме 17 гола што е добро, но и примивме 14 што е многу. Имаме пет нови играчи, но тоа не е барање на алиби. Тренираме многу, но не може во клучни моменти да паѓаат психолошки, изјави Кастратовиќ на прес-конференцијата по натпреварот со унгарскиот тим кој заврши нерешено 27:27.

Слично размислува и германската интернационалка во редовите на „црвено-црните“ Ања Алтхаус.

– Не знам што да кажам. Чудно е, од една страна сме среќни што освоивме бод, но требаше да победиме. Едвај чекавме да започне сезоната и знаевме дека овој прв натпревар ќе биде тежок. Делумно сум среќна што освоивме поен но ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат, рече Атхаус.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска