Македонската филхармонија денеска ќе го изведе првиот симфониски концерт за деца под наслов „Суперхерои“.
Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на маестро Борјан Цанев ќе изведе теми од познати авантуристички и научно фантастични филмови.
Децата ќе имаат можност да ги слушнат ултрапопуларните музички парчиња од светските филмски хитови „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Индијана Џонс“, „Војна на ѕвездите“, „Џемс Бонд“, „Хари Потер“ и „E.T.“.
Приказните за суперхероите, на автентичен начин, ќе ги долови омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.