Одбележан меѓународниот ден на храната

Од:

Децата од трите градинки на територијата на општина Центар денеска цртаа и подготвуваа вкусни оброци од здрава храна. Овој настан е во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на храната.

Интерактивно-едукативната работилница е во рамките на проектот “Светски ден на здравата храна“, како акција против гладта, а темите се: “Што треба да јадеме, како и зошто“; “Ајде да правиме сочни фигури од овошје и зеленчук“ и “Цртаме за здравата храна“.

Градоначалникот на општина Центар, која е организатор на проектот, не го криеше задоволството од она што го виде и слушнс од децата.

„Голема е честа што сум овде со вас, да го одбележиме 16-ти октомври, “Меѓународниот ден на храната”, а ние сакаме ова да биде и светски ден на здравата храна. Од градинките се почнува учењето што е здрава храна и колку е важна правилната исхрана за вашето здравје и правилен раст и развој“, рече Жерновски.

Децата од општина Центар добија пригодни подароци – полни пакети со здрава храна.

Целта на оваа активност е информирање и стекнување на знаења, формирање на здрави и правилни навики во исхраната кај најмладата популација и колку е важно децата да научат што треба да јадат, што е здрава храна и како таа влијае врз здравјето на децата.

Денеска, во готвењето на децата од градинките им асистираше и помагаше познатиот кулинар Марк Де Јонг.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски