Општините Звездара од Белград и Ѓорче Петров пред збратимување

Од:

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски беше во посета на белградската општина Звездара, на покана на градоначалникот на општина Звездара, Милош Игњатовиќ.

На средбата, како што денеска соопшти Општина Ѓорче Петров, двајцата градоначалници разговараа за идната меѓусебна соработка на образовен, спортски, културен и стопански план.

Митровски и Игњатовиќ изразија задоволство од средбата и се договорија збратимувањето на двете пријателски општини да се случи во најскоро време.

На средбата се разговарало и за можностите двете општини со заеднички проекти да настапат пред меѓународните фондови.

– Градоначалникот Игњатовиќ се интересираше за искуствата на Македонија и општината Ѓорче Петров за привлекување странски инвеститори со што би се овозможило отворање нови работни места. Градоначалникот Митровски официјално го покани Игњатовиќ да ја посети Македонија и општината Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од општината.

Би можело да ве интересира

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

(ВИДЕО) Изгорени десет автомобили во Нов Белград, се истражува дали пожарот е подметнат

Горан Наумовски

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Почина човек на Ада Циганлија во Белград

А1он