Со посредство на Владата на Република Македонија надмината е заканата од Макпетрол дека ќе ја прекине испораката на мазут и гас за Топлификација поради неисплатен долг од 105 милиони денари , а со тоа граѓните ќе останат без парно греење.
Како што се наведува во соопштението од Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ, граѓаните и субјектите ќе бидат снабдувани со топлинска енергија.
Нема информации на кој начин интервенирала Владата во спорот меѓу приватните компании во врска со снабдувањето неа граѓаните и субјектите со топлинска енергија.
„Макпетрол“ денеска соопшти дека поради долгот, од утре ќе ја прекине испораката на мазут и гас.