Апелациониот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја достави пресудата за предметот во јавноста познат како „Шпион“ во која жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната. Една жалба од обвинетите се се уважува и во овој дел пресудата се враќа на повторно судење и одлучување.
Со второстепената пресуда казните за обвинетите се намалени на начин што:
Обвинетиот Марјан Ефремов кој првично беше осуден на 15 години затвор за пет кривични дела сега се осудува на единствена казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци.
Обвинетиот Марјан Маџоски за кривичното дело дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 1 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 3 години не стори ново кривично дело.
На Ване Цветанов му е изречена алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Претходно имаше казна од три години затвор.
На Горан Стојков Апелација му ја намали казната од 9 години на 3 години и 3 месеци со што излегува од затворот.
Разузнавачот Александар Диневски од 4 и пол години доби пресуда од единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци.
Следуваат одлуките на Апелациониот суд и за другите обвинети:
Обвинетиот И.А. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци.
Обвинетиот А.А. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1 Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци.
Обвинетиот М.З. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци.
Обвинетиот Б.Ц. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци.
Обвинетиот М.Н. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 11 месеци.
Обвинетиот В.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Оддавање државна тајна од член 317 ст.2 в.в член 45 и Изнуда од член 258 ст.2 со ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години.
Обвинетиот А.В. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.
Обвинетиот Ц.Д. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 4 месеци.
Обвинетиот Ж.П. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.
Обвинетиот Т.К. за кривичното дело Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на казна затвор во траење од 2 години.
Обвинетиот К.С. за кривичното дело Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 в.в со член 24 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.
Во утврдените казни се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.