Туск: Или тврд Брегзит или нема да има Брегзит

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го предупреди Лондон дека „или ќе има тврд Брегзит или нема да има Брегзит“ за Велика Британија.

Туск уште еднаш им порача на британската Влада и на тамошните евроскептици дека ЕУ нема да прави компромиси околу нејзината определба дека слободното движење на работната сила ќе биде услов за британскиот пристап до единствениот пазар на ЕУ.

Британскиот премиер Тереза Меј, минатата недела изјави дека Владата во Лондон ќе го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба, за да се отвори процесот на раздружување, до крајот на март идната година.

Преговарачкиот процес е предвидено да трае две години и во тој период ќе треба да се разрешат повеќе прашања, меѓу кои и миграцијата и единствениот пазар.

Туск ја отфрла како целосно нереална, можноста Британија да ги задржи сегашните трговски бенифиции, што ги има како членка на ЕУ, а во исто време да го забрани движењето на европските државјани и да го отфрли авторитетот на правосудството на ЕУ.

– Сите кои така размислуваат во Британија цеосно грешат. Единствено е точно само тоа дека од Брегзит сите губиме. Во преговарањето нема да има мед и млеко на масата, туку само сол и оцет, порача Доналд Туск.

Тој рече дека како можна варијанта останува Британија сепак да се премисли и да остане во Унијата, но дека во тоа повеќе никој не верува.

Според претседателот на Европскиот совет крајниот избор останува само на Британците, околу тоа за што ќе се определат и дали тоа е интересот на земјата.

Во Лондон засега, нема службена реакција на предупредувањата од Туск кој ќе претседава со средбата на лидерите на ЕУ, на која ќе стане збор за раздружувањето на Брисел и Лондон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски