• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во полициски контроли во угостителски објекти во Тетовско затекнати македонски и странски државјанки кои нелегално работеле

by А1он13/10/2016 - 16:3947
Share0

Вкупно 23 македонски државјанки и четири странски биле затекнати при акциските контроли, што полицијата синоќа во периодот од 23 часот до 2 часот по полноќ ги спровела во 4 угостителски објекти во Гостиварско и во два на тетовското подрачје, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан  Јосифовски. 
– Од затекнатите  4 странски државјанки, 3 се од Србија и една од Босна и Херцеговина. По контролите во два објекти во Чегране и по еден во Гостивар и Добри Дол било утврдено дека една непријавено претстојувала додека другите нелегално работеле како пејачки и танчарки по што биле задржани од полицијата и ќе бидат предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Македонските државјанки кои исто така биле ангажирани како пејачки и танчарки биле приведени за расветлување на сите поедности околу нивното ангажирање во објектите во Гостиварско, како и во тетовските села Сараќино и Горно Седларце  по што ќе бидат пуштени, изјави Јосифовски.
Утрово помеѓу 7 и 9 чесот  на тетовското подрачје била извршена друга акциска контрола и тоа во Порој, Џепчиште и Мала Речица при што биле приведени 20 албански државјани со нерегулиран престој. По кусото задржување во Полициската станица – Тетово и  тие биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија.
Според податоците на Јосифовски во изминатите девет месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово биле спроведени вкупно 19 акциски контроли во угостителски објекти, од кои 11 на тетовските и 8 на гостиварските простори. Во нив биле откриени  62 странски државјанки од кои 36 од Република Албанија, 4 од Косово, 6 од Бугарија, 13 од Србија и по 1 од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија како и 17 државјанки на Република Македонија кои нелегално работеле или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој. Најголемиот број од девојките биле ангажирани како пејачки или танчарки за забава на гостите во објектите. 
– Во истиот период годинава при контроли реализирани од полицијата во Тетово и Тетовско поради непријавен престој и нелегално работење откриени и приведени биле вкупно 68 странски државјани најчесто економски емигранти-надничари. Педесет и осум од нив биле од Албанија, 7 од Косово,  и по 1 од Србија , Хрватска и Турција. Најмногу од нив биле ангажирани за изведување градежни или полски работи односно за изградби, доградби или надградби на куќи, помошни објекти, огради и за собирање на земјоделски производи на нивите, посочи Јосифовски.

Добивај вести на вибер
mvr

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен