Поради изведба на водоводен приклучок од ф-80 мм, без вода утре од 08:00 часот до завршување на работите ќе останат жителите од неколку улици од општина Центар.
Како што соопштија од ЈП Водовод и Канализација, без вода ќе бидат улиците „27-ми Март“, „Скопска“, „Никола Кљусев“ и дел од улицата „Орце Николов“.