По трите сезони во низа освоено трето место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионките, оваа сезона експертите на ЕХФ го вбројуваат македонскиот првак Вардар меѓу трите најсериозни кандидати за освојување на трофејот. Во големата тројка се уште и Ѓер и Ростов Дон.
Во образложението на експертите од Европската ракометна федерација се вели дека Ѓер и Ростов се на исто ниво, а дека од сенка шанса ќе чека Вардар.
Ранг листа на ЕХФ на екипите што сезонава имаат најголеми шанси да стигнат до титулата во ЛШ
1. Ѓер
2. Ростов
3. Вардар
4. ЧСМ Букурешт
5. Будуќност
6. ФТЦ Будимпешта
7. Ларвик
8. Есбјерг
9. Митјиланд
10. Мец
ЖРК Вардар утревечер е домаќин на ФТЦ Будимпешта во СЦ „Јане Сандански во 1.коло од групната фаза. Во истата група се уште и Астраханочка од Русија и Лајпциг од Германија. По шесте кола, првите три екипи продолжуваат во главната фаза каде се вкрстува со најдобрите од Будуќност, Турингер, Мец и Гласверкет.