Односот мајка и ќерка е една од најсилните и најкомплексните врски во природата.
Се смета за најсилната поврзаност, која воопшто можете да ја искусите и нешто што само мајките и ќерките можат да го разберат. Најтешкиот дел на тој однос настапува кога мајката гледа дека нејзиното дете прави погрешни избори во животот.
А како ќерка, можете да ја сакате својата мајка, понекогаш може и да ја мразите понекогаш, но на крајот таа секогаш ќе биде тука да ве утеши и ви даде сила, кога ќе се соочите со тешки моменти.
Односот татко и ќерка е малку поинаков. Ако сте жена, знаете и самите, колку и да ве сака и поддржува мајката, секогаш ќе има моменти, кога таткото повеќе ќе ве сака и ќе ве разбира подобро.
Следуваат неколку убави зборови за љубовта, ако имате девојче, ќе се препознаете:
– Ќерката е мало девојче кое ќе порасне во ваша најдобра пријателка.
– Таа е чудо која секој ден станува се почудесна.
– Ќерка е некој чија насмевка ја предизвикува вашата насмевка.
– Ќе има толку многу ситуации кога ќе мислите дека сте погрешиле, но во очите и срцето на вашето девојче, вие ќе останете непогрешливи, што и да се случи.
– Вашето девојче ќе разбере дека вие сте во право, кога и таа ќе има мало девојче.
– Дури и кога нема да ви се допадне тоа што таа го прави, ќе ја сакате бесконечно.
– Ќерката неизбежно ќе го прерасне вашето крило, но никогаш нема да го прерасне вашето срце.
– Кога би можеле да и подарите само една работа во животот, можноста себе си да се види во вашите очи би и била доволна.
– Убава и голема работа е кога таткото го носи синот на риболов. Но, меѓу ѕвездите постои посебно место за таткото кој ја носи ќерката во шопинг.
– Позади секоја добра ќерка стои навистина добар татко.
– Секој, па и најстрогиот, највоздржаниот човек во светот, ако добие ќерка во некој момент ќе признае дека една дама му го украде срцето. Таа која го вика „тато“.
– Татковци бидете „првата љубов“ на вашите ќерки, така што никогаш во животот да не се согласат со помалку од она што го заслужуваат. Затоа што љубовта која од вас ја добива ќе биде основата на која ќе ги гради своите „стандарди“.
– Никогаш немојте да заборавите дека иако за рака ќе ја држите сосема кратко, нејзиното срце ќе го имате засекогаш.