Во Тетовско откриени 27 албански државјани без легален престој

Од:

Вкупно 27 албански држајвани на различна возраст од 18 до 51 година најмногу од Либражд, Подградец, Кукс, Корча и други места биле откриени утринава при акциска контрола на полицијата  за откривање странски државјани во Тетово, Џепчиште и Боговиње кои непријавено престојуваат или работат на на ова подрачје, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци контролата била спроведена на неколку локации утрово од 6 до 8 часот.

– Дваесет и седумтте албанските државјани непријавено престојувале и најверојатно работеле или барале работа на подрачјето. По кусото задржување во СВР Тетово, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина