ЖРК Вардар тргнува во нов поход на Европа

Од:

По неколкумесечна пауза од европски натпревари, ракометарките на Вардар в петок ја отвораат новата сезона во Лигата на шампионките. Унгарски ФТЦ Будимпешта е првиот противник што ќе гостува во Скопје.

Вардар последните три сезони постојано е учесник на Ф4 турнирите од елитното натпреварување. Тренерот Индира Кастратовиќ на денешната прес-конференција информираа дека истата цел останува и оваа сезона.

– Како тренер на Вардар можам да кажам дека сум задоволна од девојките како работеа и колку вложуваат на тренинзите, затоа се надевам дека тоа ќе го пренесат на натпреварот во петок што со нетрпение го очекуваме. Им кажав дека сите со нетрпение го очекуваме натпреварот, но не смееме да изгориме во нашата желба.
На отворањето на минатата година изгубивме од Ѓер, и беше лош натпревар, се надевам дека ќе ја поправиме сликата за нашите почетоци на сезоната. Се подготвуваме за ФТЦ, не само преку гледање видео, туку и на самиот тренинг. Подготвени сме да пружиме  уживање за сите оние што ќе дојдат да не бодрат, изјави Кастратовиќ.

За новата сезона Вардар се засили со пет нови ракометарки: голманката Мајса Песоа, крилата Тамара Мавсар и Камила Херем, и бековите Дијана Илија и Александра Лакрабер.

Во тимот за првиот натпревар ќе ги нема Андреа Лекиќ и Андреа Кликовац, поради повреди. Со намален интензитет деновиве тренира и Андреа Пенезиќ, но се верува дека ќе може да настапи во петок против ФТЦ Будимпешта.

Натпреварот Вардар – ФТЦ Будимпешта е закажан за 14 октомври со почеток во 20 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска