Жена пронајдена мртва со рани од глодар

Од:

Починато повозрасно женско лице со видливи рани во пределот на телото, најверојатно од гризење од глодар, вчера било пронајдено во Гевгелија.

Лекар од Итна медицинска помош вчера во 15:35 часот во гевгелиската Полициска станица пријавил дека на ул. „Илија Мијов“ во Гевгелија, каде биле на повик за медицинска интервенција, пронашле починато повозрасно женско лице со видливи рани во пределот на телото.

Како што соопшти МВР, од извршениот увид на местото на настанот било констатирано дека почината е Т.В. (84), имала видливи рани и во пределот на рацете, нозете и лицето, најверојатно од гризење од непознат глодар.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција и утврдување на причините за смртта.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски