За два дена во 32 сообраќајки во Скопје, еден загинат, 25 лица повредени

Од:

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, а други 25 лица се повредени.

Сообраќајната полиција во понеделникот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле осум лица, а шест се со последица материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски од СВР – Скопје, вчера извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, една незгода е со смртна последица, а 17 лица се повредени.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се четворица возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач за време на управување на возилото не го користел сигурносниот појас или го користел мобилниот телефон.

Санкционирани се и девет возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие два дена отстранети се 46 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он