Министерот Јолевски со честитка по повод Денот на народното востание

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија, вработените во Министерството и до сите граѓани на Македонија по повод големиот празник – 11. Октомври – Денот на народното востание.

– Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за победа над тиранијата на фашистичкиот окупатор. Токму затоа, овој голем празник, денот кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово и Македонија застана на страната на правдата е многу значаен за нас. Секој припадник на Армијата во овие храбри патриоти, кои во себе ја носеле жарта на слободата на татковината, ги пронаоѓа своите идеали. Тоа се идеалите кои нè водат во нашата постојана задача – независна и суверена Македонија со безбедни и среќни граѓани, посочува во честитката министерот Јолевски.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска