Трета победа за Игокеа оваа сезона во АБА лигата

Од:

Шампионот на Босна и Херцеговина, екипата на Игокеа синоќа ја забележа третата победа во регионалната кошаркарска АБА лига, откако славеше на гостувањето кај ФМП во Белград со 81:76.

Џејмс Робинсон со 27 поени и пет асистенции и четири скокови беше најзаслужен за триумфот на тимот од Александровац.

Со оваа победа Игокеа се искачи на петтата позиција на табелата со ист број бодови како четврто пласираната Цибона која има 7 бода.

На врвот се Црвена звезда, Будуќност и Партизан со максимални осум бода од четири меча.

По четвртата рунда македонските претставници Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром се на дното на табелата без ниту една победа.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ