Жител на крушевско Алданци осомничен за братоубиство

Од:

Жител од крушевското село Алданци добил притвор од 30 дена под сомнение дека во петокот извршил „убиство“ и „убиство во обид“.

– Надлежен обвинител од ОЈО Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од крушевското село Алданци, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, соопшти денеска Јавното обвинителство на РМ.

Осомничениот се товари дека со умисла на свиреп начин го лишил од живот неговиот брат, напаѓајќи го најпрвин со секира со дрвена рачка во нивната семејна куќа, а потоа продолжил да го удира во пределот на главата со метална водоводна поцинкувана цевка додека не го усмртил.

По извршеното убиство, како што се вели во соопштението, осомничениот се упатил кон куќа во непосредна близина каде што со истата метална водоводна цевка се обидел да лиши од живот едно 14-годишно дете, но притоа бил спречен од соседите кои го фатиле. Детето со телесни повреди е пренесено во болницата во Прилеп каде му е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот од надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определ притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски