Лон-производството и нелојалната конкуренција, проблеми за текстилците

Од:

Се уште најголем проблем во текстилната индустрија е тоа што 95 отсто од производството е лон, а во последно време, поради даночните олеснувања во индустриските зони, евидентна е и нелојална конкуренција, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.

Како што истакна претседателот на Здружението за текстилна индустрија Ангел Димитров, многу работници, готови кадри кои се граделе 30-на години, ги напуштаат домашните фирми и заминуваат кај странските инвеститори.

– Тоа го прават дури и за 1.000 до 2.000 денари поголема плата. Ние не сме против, секој може да работи каде што може и сака, но бараме минимум изедначување на условите со оние за компаниите во зоните, укажа Ангелов.

Во врска со состојбите во секторот, апелира дека е неопходно да се интензивира соработката меѓу образованиот систем и бизнисот за да се продуцираат кадри според потребите на пазарот. Ако не функционира врската на школите со стопанството  и натаму, нагласи, ќе биде голем бројот на оние што чекаат работа, но и на дефицитот на квалификувани лица во компаниите.

– Огромна е разликата меѓу потребите на бизнисот и она што се добива како квалификувана работна сила. Ваквиот расчекор е и една од клучните причини што ги тера младите да си одат од Македонија. Бизнисот е тој што креира работни места, а образованието треба да создаде кадар спрема потребите на пазарот, подвлече Ангелов.

Тој предочи и на потребата од заострување на критериумите за прием на факултетите, како и од надминување на предрасудите дека секој мора да е високообразован поради што се помалку деца се запишуваат во средните стручни училишта.

Според статитистиката, бројот на вработени во текстилната индустрија е намален, од 43.848 во 2007 година на околу 36.000 денес. Извозот, пак, не бележи пад и изнесува 359 милиони долари во првите седум месеци од 2016-та. Очекувањата до крајот на годинава и почетокот на следната се дека работењето ќе остане на исто ниво.

За подобрување на резултатите во секторот, Ангелов напомена и дека е неопходно Македонија да почне со извоз на готови производи, најпрво странски брендови, а потоа и домашни, додека осовременувањето на технологијата останува на товар на компаниите зашто е одбиено, додаде, барањето на Здружението за субвенции од државата.

Би можело да ве интересира

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Катерина Ѓуровски

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Ана Ололовска

Хелсиншки и Гласен текстилец бараат фабриките да не работат за време на полицискиот час

Ана Ололовска

Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април, да се гордееме со домашните текстилни компании

Ана Ололовска

Најдобрите времиња на Комбинатот „Тетекс“ во државна сопственост

Драган Поповски