Започната истражна постапка против царински службеник

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје во соработка со СВР Скопје – Одделение за економски криминал започна истражна постапка против едно лице, вработено на неопределено време како цариник во царинската испостава „Блаце“.

Осомничениот се товари дека на 08.10.2016 година во 06:50 часот на царинската испостава „Блаце“ побарал подарок од едно оштетено лице за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши согласно царинските прописи.

По претходен телефонски договор, двајцата оствариле средба во кафуле во еден трговски центар во Скопје и оштетениот му ги исплатил парите, при што осомничениот е фатен на лице место од овластени службени лица на МВР.
Осомничениот се товари дека сторил кривично дело Поткуп од член 357 ст.1 од Кривичниот законик за кое дело предвидена е казна затвор од 4 до 10 години.

До судија на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, но судијата со Решение определи мерка – куќен притвор. На ваквата одлука Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба.​

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Царина поднесе кривична за доктор и медицинска сестра кои криумчареа ботокс

А1он

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“