Милиќ со ТОП 5 одбрана во СЕХА за септември

Од:

Регионалната ракометна СЕХА Газпром лига ги избра и најдобрите пет одбрани за месец септември. Во нив место најде и интервенцијата на нашиот Страхиња Милиќ кој бранеше одлично на средбата против Веспрем.

Популарниот „Џамбо” одбрани еден упатен шут на Чема Родригез со што заслужи да се најде меѓу петте најдобри одбрани на месецот.

Вардар во септември имаше седум победи, вклучувајќи ја и победата над Веспрем од 29:22.
Меѓу петте најдобри одбрани за септември се уште и оние на:

Игор Чурпина – Татран
Матевж Скок – ППД Загреб
Дарко Арсиќ – Металург
Радо Мијатовиќ – Мешков

Покрај одбраната на Милиќ, во септемврискиот избор на СЕХА се најдоа и три ракометари на Вардар (Дибиров, Циндриќ и Душебаев) во најдобрата седморка, и плус тренерот Раул Гонзалез.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ