Еврокомесарот за економски и валутни прашања Оли Рен ги повика министрите за финансии од еврозоната и претставниците од ММФ да донесат одлука за помош која е од животно значење за грчките финансии.
„Грција го направи тоа што требаше да го направи и сега е ред еврогрупата и ММФ да направат тоа што треба“, изјави Рен по пристигнувањето на средбата.
„Од животно значење е да може да донесеме денеска решение за исплаќање на транша од минимум 31,2 милијарди евра за Атина“, додаде Рен.