Ракометарите на Вардар утре му гостуваат на словенечкиот првак Целје во рамките од 3 коло на Б групата од Лигата на шампионите.
Тренерот Раул Гонзалес очекува неговите избраници да ја повторат играта од СЕХА дуелот кога „црвено-црните“ славеа со 11 голови разлика.
– Ова ќе биде различна приказна, зашто е нова. На нивен терен победивме во СЕХА лигата со 11 гола, но сега треба повторно да играме. Тогаш бевме добри, и сега пак треба да се фокусираме, но ова е Лига на шампионите. Целје играат добро во последно време, во ЛШ го победија Загреб, и загубија само со еден гол на гостувањето кај Рајн Некар. Некогаш не играш добро, но голманите се добри, па изгледа дека е супер. Мислам дека ние сме подобри, имаме добро ниво на игра и треба да победиме, но мораме да играме и тоа да го покажеме на теренот, вели Раул Гонзалез.
Вардар е во серија од осум победи по ред во девет натпревари сезонава. Во Лигата на шампионите македонскиот првак триумфира на првите два натпревари, на гости со Кристијанштад (28-23) и дома со Мешков Брест (31-27).
Натпреварот Целје – Вардар е закажан за утре од 18:30 часот.