Вирус и во МВР: Петмина началници истовремено на боледување

Од:

Досега во МВР се сменети 11 началници во МВР, а останува можност за промена уште на четворица, информира денеска по промоцијата на новите полициски службеници во Центарот за обука Идризово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР.

На прашањето колку лица истовремено се на боледување од оние кои треба да бидат сменети, Спасовски одговори дека добил информација оти четири до пет лица на битни позиции во МВР биле во исто време на боледување.

– Инаку, тоа не се позициите кои сакав да ги сменам. Ако е заради тоа боледувањето, мислам дека е злоупотреба и треба да се вратат на работа, изјави министерот Спасовски.
Тој потсети дека лани за 33 полициски службеници кои не беа примени на работа во МВР, поднел барање до Министерството за финансии за одобрување за нивно вработување.

– Оваа година остануваат 54. Минатата година поднесов барање до Министерството за финансии за овие полициски службеници да имаат вработување заради тоа што го положиле испитот, а на МВР му се потребни нови полициски службеници. Министерството за финансии треба да има слух и да даде одобрување и овие луѓе кои ги завршиле сите обуки и имаат добиено сертификат да бидат во работен однос заради тоа што МВР може само да добие, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он