Груевски се сретна со конгресменот Бил Пасквел

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамки на посетата на САД оствари средба со конгресменот од Њу Џерси Бил Пасквел.

Како што соопштуваат од партијата соговорниците дискутирале за повеќе теми и сфери кои се од значење за Република Македонија, афирмирајќи ги интересите поврзани со интеграциите во НАТО, зајакнување на македонско-американските односи и потенцијалите за нивно интензивирање.

Груевски по средбата со Пасквел изјави дека се разговарало за повеќе аспекти поврзани со Македонија, за предизвиците со кој се соочува и стратешките цели вклучувајќи го и членството во НАТО.

– Можам да кажам дека од конгресменот Пасквел имаме одлична поддршка. Него можеме да го вброиме во оние што се пријатели на Македонија, кои што и во минатото во многу наврати покажале и застанале зад Македонија. Го брифиравме за најновите информации и најновите состојби, заеднички споделивме идеи како понатаму да се продолжи, да се градат стратегиите околу нашите суштински интереси како држава. Можам да кажам дека беше одлична средба при што ќе ја продолжиме комуникацијата и во наредниот период, истакна Груевски.

Бил Пасквел, кој, како што наведуваат во соопштението, е еден од конгресмените со најдолг стаж во Американскиот конгрес искажал поддршка за македонските интеграции во НАТО. Истакнал дека државата заслужува да стане членка што побрзо, при што и тој со своите капацитети ќе се вклучи во презентирањето на капацитетите кои ги поседува Република Македонија на тој план.

– Македонија припаѓа во НАТО алијансата. Македонија треба поскоро да стане членка во НАТО. Големите и малите држави треба да бидат членки на НАТО и ова е силна порака против секој кој што има идеја да се спротивставува на членството на малите држави. Сакам Македонија да стане членка на НАТО и ќе направам се што можам, што е во моја сила и капацитет да направам тоа да се случи, рече Бил Пасквел.

Тој осврнувајќи се на состанокот со Груевски посочил дека се работи за продуктивна средба, и се надева дека Македонија по изборите ќе се врати на патеките на напредокот и ќе продолжи со економските достигнувања важни за граѓаните.

– Одличен состанок. Груевски е многу отворен за соработка и луѓето од неговата делегација. Јас имам одлично мислење и така гледам и на Македонија. Имате многу убави работи, а Македонија ќе биде и уште подобра и понапредна во годините што следуваат, изјави Пасквел.
Во изјавата Груевски се осврна и за целокупната посета на САД при што изјави дека сите посети досега беа во еден позитивен дух.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава