Ѓилас нов претседател на Демократската партија на Србија

Од:

Најголемата опозициска партија во Србија – Демократската партија, синоќа на вонредното изборно собрание доби ново раководство.

За претседател е избран Драган Ѓилас, додека досегашниот лидер на партијата Борис Тадиќ стана почесен претседател. Партијата доби и седум потпретседатели.

Ѓилас досега во ДС беше потпретседател на партијата. За Ѓилас гласаа 2.386 делегати, а за неговиот противкандидат Бранимир Кузмановиќ 368 делегати, додека неважечки беа 70 ливчиња.

– Ѓилас е избран вечерва за нов лидер на ДС, како четврти лидер на партијата откако таа ја обнови работата во 1990 година, соопшти претседателот на Изборната комисија Јесенко Лазовиќ.

Од 1990 година, пред Ѓилас претседатели на ДС беа Драгољуб Мичуновиќ (1990-1994), потоа Зоран Ѓинѓиќ (1994-2003) и Борис Тадиќ (2004-2012).

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје