Најмногу дожд во Лазарополе, најладно утрото во Маврово

Од:

Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Лазарополе, а најстудено утрово било во Маврово.

Мерењата на УХМР покажуваат дека во Лазарополе се наврнати 42 литри на метар квадратен воден талог, во Маврово 31, Пожаране 29, Дебар 27, Тетово 25, Крушево 23, Охрид 22, Претор 21, Струмица, Тополчани, Крива Паланка, Битола и Прилеп 12, Берово и Куманово 10, Скопје 9, Пожар 8, Штип 6, Дојран, Виница и Демир Капија 3 и во Гевгелија и Ѓуриште два литри на метар квадратен.

Имерените температури утрово се движеле од 1 во Маврово, 4 во Пожар и Ѓуриште, 5 во Пожаране, 6 во Лазарополе и Крушево, 7 во Тополчани, Берово и Крива Паланка, 8 во Куманово, Скопје, Дебар, Тетово и Прилеп, 9 во Штип, Битола, Виница, Струмица и Претор, 10 Скопје Петровец и Дојран, 11 во Охрид и  Демир Капија до 13 во Гевгелија.

Преку ноќта имаше зголемена облачност со повремено пинтензивни врнежи во првиот дел од ноќта, најпрвин во западните, а особено во северозападните делови од земјата. Оваа облачност се преместуваше кон исток но и беше се послаба. До изутрина врнежите престанаа, а утрово преовладува облачно време со услови за појава на слаб дожд на север и североисток. Од синоќешните часови дува и умерен северен ветер кој на северот дува и утринава.

Во раните претпладневни часови во западните и северните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Преку денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарите повремено ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 21° С.

Утре ќе има позначителен пораст на дневната темпеартура, потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд поинтензивни од вторник попладне и во среда.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Денеска променливо облачно со дожд и ветер од северен правец

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд