Еден повреден во сообраќајка несреќа на патот Штип-Радовиш, сообраќајот во прекин

Од:

Едно лице е повредено во судир на патничко моторно возило марка мерцедес и тешко моторно возило влекач со кумановски регистарски таблички што се случи попладнево на патот Штип – Радовиш кај местото Краварник.

Како што соопшти портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во несреќата што се случила околу 16:40 часот со телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот, кој е веднаш хоспитализиран во струмичката општа болница.

Портпаролот Панајотова вели дека во тек е увидот од страна на истражните органи со цел да се утврдат причините за сообраќајната незгода.

Сообраќајот сеуште е во прекин и ќе биде пуштен по завршување на увидот од страна на истражните органи.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина