На сајтот на британската влада се појави оглас во кој тајната известувачка служба MI6 бара лице на позицијата таен агент со „дозвола за убивање“, пренесува сајтот Скај Њуз.
Огласот кој подоцна се испостави дека е лажен, е поставен во петокот на официјалниот сајт на владата Directgov.co.uk, на страната на министерството за работа и пензии.
Покрај другото, од потенцијалните кандидати се барало да бидат снаодливи, да бидат подготвени да ја напуштат државата на неконвенционален начин.
За избраниот кандидат наводно требало да се обезбеди посебна опрема за остварување на мисиите, а понудената плата била од 50.000 до 60.000 фунти, плус бонус за секоја успешно извршена задача.
Портпаролката на MI6 изјавила дека британската влада не сака да регрутира убиец, дека огласот е лажен и дека не е познато кој го поставил. Огласот е набрзо избришан.