Што мислите, што им е поважно на вашите деца, возењето до училиште и часовите за танц или вашата насмевка и прегратка, кои им ги пружате по сето тоа. Студентите од еден факултет одговориле на прашањето, што е тоа што нивните мајки го правеле, а кое кај нив предизвикувало неопислива среќа.
Следуваат неколку работи кои најчесто ги одговарале студентите, а кои ги асоцирале на мајките и на најубавите спомени од детството:
– Кога ќе влезе во мојата соба во текот на ноќта, ме милува и ми пее песни за заспивање, но и кога ќе ми раскаже приказна.
– Кога ме прегрнува и бакнува и кога зборува со мене.
– Кога поминуваме квалитетно заедничко време, без браќата и сестрите во наша близина.
– Кога ми подготвува здрави оброци, за да бидам уште поздрава.
– Кога за време на вечерата се договараме што ќе правиме за викендот.
– Кога пред спиење разговараме за. љубов, училиште, семејството…
– Кога ме пушта да си играм надвор по цел ден.
– Кога ми се пика под ќебето и заедно ја гледаме омилената серија.
– Кога ќе ми остави слатки пораки на кутијата за ручек.